Манчестер Сити е многу блиску до комплетирање на трансферот на Антоан Семењо. По завршните разговори околу условите и клаузулата за откуп, Борнмут очекува трансферот на 25-годишниот крилен напаѓач да биде официјализиран во следните 48 часа.
Според новинарот Бен Џејкобс, двете страни веќе ги усогласиле клучните детали, додека самиот фудбалер претходно постигнал договор за личните услови со „граѓаните“.
Борнмут се надева дека Семењо ќе настапи на утрешниот натпревар против Челзи, кој најверојатно ќе биде негов последен меч во дресот на сегашниот клуб.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












