58-годишен државјанин на Македонија се соочува со обвинение во Хрватска поради сомнение дека лажно се претставувал како лекар и со измама зел 41.400 евра од шест лица, објави хрватскиот портал „Индекс“.
Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), случаите се случиле во Загреб во текот на јуни и јули 2025 година, а обвинетиот, според наводите, дејствувал заедно со други засега непознати лица.
Обвинетиот телефонски ги контактирал жртвите и се претставувал како лекар, при што им кажувал дека нивни блиски членови од семејството наводно биле тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за лекување.
Откако оштетените ќе се согласеле да платат, парите ги преземал обвинетиот или негови соработници.
Со ваквата измама биле оштетени шест лица, а вкупната материјална штета се проценува на 41.400 евра.
Обвинението е поднесено до Општинскиот казнен суд во Загреб. Македонскиот државјанин се товари за шест кривични дела измама според хрватскиот Кривичен закон.
Државното обвинителство побарало продолжување на притворот поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












