Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер што го погоди јужниот филипински остров Минданао, соопшти полицијата.
Според податоците, земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри, а веднаш по потресот биле издадени предупредувања за цунами и можно покачување на морското ниво.
Геофизичката служба GFZ првично ја процени јачината на земјотресот на 8,2 степени, додека филипинската агенција Phivolcs објави дека се работи за потрес со јачина од 7,0 до 7,8 степени, со потенцијал за значителна штета и цунами бранови повисоки од еден метар.
Индонезиската агенција BMKG исто така регистрираше силен потрес и издаде сопствени предупредувања, бидејќи земјотресот бил почувствуван и во соседните региони.
Локалните власти пријавија оштетувања на објекти, вклучително и пукнатини на полициски згради, а сведоци опишуваат силни потреси за време на настанот.
Според официјални лица, ова е еден од најсилните земјотреси во регионот во последните децении, при што се уште се проценува обемот на штетите и евентуалниот број на жртви.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












