Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Во разговорот, Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон ОАЕ и упати најдлабоко сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран, оценувајќи ги како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет.
Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на стабилноста и мирот во регионот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












