• Импресум
Saturday, August 8, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

СЈО Е МРТВО – ДА ЖИВЕЕ СЈО! Катица има соработници, наследници и модел кој е се уште жив

21/03/2024
Време за читање: 1 минути
A A
СЈО Е МРТВО – ДА ЖИВЕЕ СЈО! Катица има соработници, наследници и модел кој е се уште жив

Катица Јанева и црна листа на САД. Големите борци на Шарената револуција застана зад жената која покажа дека во Македонија зад закрила на борба против корупцијата всушност самиот си корумпиран.

Тажно е за оваа држава што знаеме да издигнеме лажна величина на пиедестал и да мислиме дека тој/таа е спасител и по брзо време се покажува дека зад нивните наводни мисии се крие идејата да се заработи за брзо време до крајот на животот.

Оваа „заслепеност“ продолжува и сега и ќе продолжи и понатаму. Но секој самостојно си ги носи одлуките дали да поддржи една личност или не.

Овие „луѓе на пиедестал“ прогонуваа лица кои ги оцрнуваа во јавност, без докази, со наводи од оговарања и од никого вештачени телефонски муабети како докази. Ги објавуваа јавно, им се исмеваше јавноста, а тие уживаа во „горењето“ на јавниот линч на овие личности.

Катица Јанева е репрезент на една борба против луѓе каде во затвор завршија лица за купен мерецедес истиот оној кој го возат премиерите. Катица Јанева е репрезент на лажната борба против корупцијата. Но такви Катици има многу во нашето општество. Се кријат зад невладини организации, се договара линч на луѓе и се ужива во самата помисла дека направиле лошо а од тоа заработиле корист.

Живееме во нездрава средина каде наместо да се помогне идејата е да се уништи нешто, да се нанесе зло, да се направи поголем хаос, бидејќи во хаосот нема ред и има време за лажни величини. А такви ги има многу, самоизвикани, самопровирани, се буткаат за поддршка, земаат државни средства – а напаѓаат други дека земаат. Класика „ја нисам одавде“, ама кога треба и те како сум од тука.

Се нанесе и се нанесува голема штета во ова општество, каде јавниот линч е страшен и луѓето се ставени буквално на клада без никакви основи за тоа.

Видете го примерот на Жан Митрев. Го обвинија дека е “убиец“, дека е “Менгеле“, без конкретни издржани докази кои патем обвинителката не сака ни да ги презентира и прочита перд судот. Остана влијателен медицински експерт да се влече по судови каде на секое рочиште повторно, и повторно, се докажува со примери од пракса како и од најразвиените држави дека хемофилтрацијата е стандардано позната и применувана помошна метода во тешки здравствени случаи.

Ако не била, како тоа со години се увезуваат потребни помагала и средства за хемофилтрација, како пред очите на медицинската власти се применува хемофилтрацијата… ако не била дозволена и безбедна.

Та се истите власти кои, на пример, не забалежале дека на државна Онкологија на пациенти заболени од карцином им се става во вената вода наместо скап и спасоносен лек. За ова се уште нема ниту судење, а камоли пресуда.

Очигледно, хемофилтрацијата била дозволена и корисна штом на клиника Жан Митрев со примена на хемофилтрација степен на починати од Ковид 19 е 25%, а на државната клиника без хемофилтрација е 51%.

Не мора да с ебиде медицински или правен експерт овие факти да се видат и да се извлече заклучок – без никакво судење.

Јавниот линч врз Жан Митерв е поттикнат од истите или слични “невалдини“ кои соработуваа со СЈО и Катица Јанева во уличен прогон на луѓе кој, потоа, треба и мора да го санкционира судот со закани за судиите со смена ако не соработуваат.

Беше битно да се жигосува, да му се стави етикета, а потоа со етикетата да не смее да се појави во јавност под страв од понижувања и улична осуда. Болните што чекаа операција на срце од него, а тоа се над 1.000 луѓе годишно колку што стандардно се оперитрараат на клиниката Жан Митрев се небитни за прогонителите. Дали Катица и СЈО тогаш, дали од “невладините експерти за се“ денес.

Да се потсетиме на зборовите на една од трите славни обвинителки на СЈО: “Ако треба од кревет на умирање ќе го донесам во судница…“

И ги носеа. За СДСМ/ДУИ на крај, кога на нив им затреба заштита од кривичен прогон за корупција по промена на власта, да го сменат членот 353 од КЗ и пола обвиненија на СЈО да паднат. Власта експресно тргна да ги пере рацете од СЈО, но не може да ја исперње совеста, трагите од злоделата кои се забележани на вестите и интернет и последиците врз прогонетите кои “од кревет на умирање одат на суд“.

Но, оние кои се извалкани во корупцијата и политичките прогони и рекети сега ги гледаме како извикуваат: СЈО Е МРТВО – ДА ЖИВЕЕ СЈО. Перат раце од фирмата СЈО, но се трудат да живее нивниот модел, под друго име, и со истите лица од СЈО дополнети со свежи кадри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс
Вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
Вести

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб
Вести

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот
Вести

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
Следна вест
Тошковски: Шверцуваните мобилни телефони се развиваат во интересен случај

Тошковски: Шверцуваните мобилни телефони се развиваат во интересен случај

Најнови вести

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

ВАР, два пенали и многу возбудувања за реми меѓу Шкендија Арачиново и Силекс

07/08/2026
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Брвеница ќе избира нов градоначалник, ДИК ги почнува подготовките за изборниот процес

07/08/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем

07/08/2026
Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Карпалак никогаш нема да биде заборавен, порача Проданоски

07/08/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

07/08/2026
Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Тоневски: Со план, проекти и конкретни инвестиции го развиваме секое населено место во Пробиштип

07/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.