• Импресум
Tuesday, July 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче

06/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче

Кога на почетокот на пандемијата тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, секојдневно одржуваше пресови за да ги соопшти бројките на заразени и починати од корона, меѓу пораките што ги добиваше беа и оние на извесна Лиде Лиде. Таа постојано го канеше на кафе и со своите шеговити коментари за кратко време се најде во центарот на вниманието. Малкумина тогаш знаеја дека зад Лиде Лиде се крие Лидија Гиновска, која во разговор за „Репортер“ ни откри дека сето ова со министерот почнало од забава, за да си направи да ѝ е интересно.

„Не можев да помислам дека меѓу илјадниците пораки што стигнуваа, некој ќе има време да ги чита сите и да ја види мојата. Кога ги приметиле коментарите луѓето почнаа да бараат да бидам присутна. Па требаше да ги смислувам, затоа што немав во секој момент инспирација. Некои ги обмислував многу однапред“, рече Лиде.

На почетокот не знаела дека постои корона и целата ситуација не ја сфатила сериозно. За Филипче, пак, знаела дека е хирург, ама не и дека во меѓувреме станал министер. Кога го видела првпат на прес ѝ делувал многу сериозен. „Сакам луѓето што се сериозни да ги реметам“ вели Лиде, па затоа и ја испратила првата порака да го покани министерот на кафе. Скоро една година подоцна, го запозна во едно кафуле во Скопје.

 

 

„Јас како што се шегувам на секое, не верував дека ќе имам толкава трема и дека ќе изгледам како некое прваче и ќе се изгубам кога ќе застанам да му се претставам на министерот. Немавме шанса да разговараме, направивме само селфи. Беше сериозен на почетокот, ама кога кажав дека сум Лиде почна да се смее“, раскажа Гиновска за првата средба и додава: „Мислам дека на сите жени им се допаѓаше, само што не сакаа да кажат јавно“. Ни призна и дека Филиче ѝ оставил поубав впечаток во живо отколку на телевизија.

Но, тоа што почнало како шега за да им е забавно неа и на блиските, на Лидија ѝ донело проблеми на работа, во фирмата за обезбедување. Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки. „Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’, и после некое време, поради притисоците си дадов отказ“, вели таа.

 

Низ разговорот ни откри многу работи. Како реагирале новите шефови кога дознале дека е Лиде на Венко, зошто на Инстаграм ги имитира македонските јавни личности и од каде идејата да сними емисија „На кафе со Лиде“. Тука се и песните што му ги посвети на ексминистерот за кои вели дека се исто така направени за забава. „После сè што направив за Венко, мислам дека тој треба да направи прв чекор и да ме удостои со кафе. Да си го исполни ветувањето што го даде јавно. А јас дури и да сум на смртна постела, пак ќе сакам кафе да пиеме“, рече Лиде. Гледајте го видеото.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи
Вести

Манасиевски со обвинувања до СДСМ, Левица и ДУИ за блокада на законот

14/07/2026
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци
Вести

Бегството на „Цуната“ не може да е обичен, трапав пропуст, велат од Левица

14/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Живот

МВР го расчисти случајот со нападот врз 14-годишно девојче во Куманово

14/07/2026
Изет Меџити потврди: Албанската опозиција ќе има кандидат албанец за претседател на државата!
Вести

Семафор или уривање на надвозникот кај Бит-пазар, одлуката допрва ќе се носи

14/07/2026
Доколку продолжи аматеризмот, европска есен може да биде само сон за Вардар
Живот

Вардар во Финска брка негатива од два гола

14/07/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!
Вести

ВЛЕН: Новите министри ќе се мерат според резултатите

14/07/2026
Следна вест
СКАНДАЛ: Грци го хакирале македонското министерство за образование, имале пристап до секоја камера и сите податоци

СКАНДАЛ: Грци го хакирале македонското министерство за образование, имале пристап до секоја камера и сите податоци

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев гради 40-катница во Дубаи

Манасиевски со обвинувања до СДСМ, Левица и ДУИ за блокада на законот

14/07/2026
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци

Бегството на „Цуната“ не може да е обичен, трапав пропуст, велат од Левица

14/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

МВР го расчисти случајот со нападот врз 14-годишно девојче во Куманово

14/07/2026
Изет Меџити потврди: Албанската опозиција ќе има кандидат албанец за претседател на државата!

Семафор или уривање на надвозникот кај Бит-пазар, одлуката допрва ќе се носи

14/07/2026
Доколку продолжи аматеризмот, европска есен може да биде само сон за Вардар

Вардар во Финска брка негатива од два гола

14/07/2026
ВРЕДИ: Училиштето е патот кон соништата, успеси за учениците и наставниците!

ВЛЕН: Новите министри ќе се мерат според резултатите

14/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.