• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

05/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Славески од Глобалниот форум на АФИ: Финансиската вклученост е предуслов за одржлив раст и стабилност

„Секој човек има право на фер и квалитетни финансиски услуги, а финансиската едукација е клучот за стабилен систем и за заштита на граѓаните“ – порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), којшто се одржува во Намибија.

Во своето воведно обраќање пред регионалната иницијатива за Источна Европа и Централна Азија (ECAPI), гувернерот нагласи дека финансиската вклученост претставува темел на сеопфатниот економски раст и благосостојбата на општествата. „Само финансиски писмени граѓани можат да носат исправни одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање, а со тоа придонесуваат и за стабилноста на целиот финансиски систем“, рече Славески.

Тој нагласи дека дигитализацијата и финтек-иновациите отвораат огромни можности за поширок пристап до финансиски услуги, но носат и нови ризици – како што се нови типови измами, злоупотреби на лични податоци и ризик од презадолжување на домаќинствата. „Во дигиталната ера е неопходно развивање ефикасни иницијативи за финансиска едукација и алатки за различни целни групи – од младите до постарите генерации“, истакна гувернерот.

Во обраќањето тој се осврна и на активностите на Народната банка во областа на финансиската вклученост. Посочи дека нашата земја оваа година стана членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), што ќе овозможи побрзи, поевтини и посигурни трансакции за граѓаните и за компаниите. Покрај тоа, се работи на воведување основна сметка за плаќање со фиксeн и пристапeн надоместок, наменета особено за ранливите категории граѓани. „Намалувањето на банкарските надоместоци и воведувањето нови механизми за заштита на потрошувачите се важни чекори за повисока вклученост“, нагласи Славески, додавајќи дека во подготовка е и втората Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

„Да се биде дел од големото семејство на АФИ за нас претставува и чест и обврска за постојана размена на искуства и знаења. Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на овој процес“, истакна гувернерот, изразувајќи благодарност за поддршката и соработката со АФИ и со институциите од регионот. На Глобалниот форум, заедно со гувернерот, учествуваат и главната економистка Анета Крстевска и советничката на гувернерот Весна Стојчевска.

Гувернерот Славески учествуваше и во панел-дискусијата на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ), посветена на зголемувањето на вклученоста на жените на пазарот на труд. Во своето излагање, Славески нагласи дека сеопфатниот раст е незамислив без родова еднаквост и еднакви економски можности. „Според Глобалниот извештај за родовиот јаз за 2024 г., иако разликите во пристапот до образованието и здравството речиси исчезнаа, најголемиот јаз останува во економската и политичката застапеност на жените“, истакна тој, повикувајќи на проактивни светски политики. Воедно, тој ги претстави активностите на Народната банка во оваа област, меѓу кои и улогата на институцијата како национален координатор за спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (We Finance Code − WeFi Code) – светска рамка за затворање на родовиот јаз во финансирањето на женските бизниси, поддржана од Светската банка, ЕБОР и од други меѓународни партнери.

Членството на Народната банка во Алијансата за финансиска инклузија е со поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен
Вести

Вардар двапати се враќаше, но Рига замина со победа од Скопје

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови
Вести

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа
Вести

Работник од Куманово тешко повреден по пад од зграда додека бил на работа

22/07/2026
Следна вест
Поранешниот Претседател Иванов се обрати на сесија во Парламентот на Шкотска

Поранешниот Претседател Иванов се обрати на сесија во Парламентот на Шкотска

Најнови вести

Вардарци се поделија во две групи и одиграа контролна средба, засилувањето Родригеш беше исклучен

Вардар двапати се враќаше, но Рига замина со победа од Скопје

22/07/2026
Наставникот од Струмица искористил прилика кога останал сам со малолетничката во спортската сала од училиштето, ова се ужасните детали

62-годишен маж силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

22/07/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Возачите со предупредување: Ограничен сообраќај во Солун до утринските часови

Нови ограничувања кај Солун: Обиколницата повторно ќе биде затворена

22/07/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

САД се заканија со бомбардирање мостови и електрани во Иран

22/07/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.