Претпладневните часови во пониските места ќе бидат обележани со повремена магла, особено во затворените котлини. Потоа облачноста ќе се расчистува, па поголемиот дел од денот ќе донесе сончево време со умерена појава на облаци. Ветерот ќе биде слаб и од променлив правец. Утринските температури ќе се движат меѓу -4 и 4 степени, додека дневните ќе се искачат од 8 до 15 степени.
Во Скопје се очекува стабилно време со сончеви периоди и мала до умерена облачност. Во првиот дел од денот во некои делови од котлината можно е задржување на магла. Наутро температурите ќе паднат до околу -1 степен, а преку ден термометрите ќе се искачат до приближно 11 степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












