• Импресум
Thursday, March 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Српски лото милионер: Кога имаш многу пари сфаќаш колку алчни луѓе имаш околу тебе

06/02/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Српски лото милионер: Кога имаш многу пари сфаќаш колку алчни луѓе имаш околу тебе

Добитникот на седмица на лото од околината на Ваљево откри дека ги загубил сите пари откако добил седмица на лото и даде совет до сите да не ја повторат неговата грешка.

Зоран М. е еден од среќните добитници на лото во Србија. Пред седум години тој добил многу пари, кои сосема му го промениле животот, но и животот на неговото семејство.

Според него, овие пари не му донеле ништо добро и неколку години по добивката, тој е во поголеми финансиски проблеми и долгови.

Откако ги преживеал среќата, измамата и разочарувањето, тој ја раскажа својата приказна.

Сите знаеја кој е добитникот
Веста дека Зоран и неговото семејство добиле баснословна сума на пари брзо се проширила низ селото и за кратко време сите дознале која куќа се збогатила, раскажува Зоран за „МОНДО“.

„Имам син, ќерка и сопруга, сите бевме пресреќни со добивката и многу се израдувавме. Имавме некои долгови кои можевме да ги вратиме, и за некои работи кои ни беа потребни, но не можевме да си ги дозволиме. Исто така, требаше да седнеме заедно и да размислиме што ќе правиме со остатокот од парите, што беше голем. Никој од нас немаше искуство во големи бизниси и инвестиции“, објаснува Зоран М.

Се појавиле разни измамници
Како што раскажал среќниот добитник во семејството брзо се појавил страв од кражба, па сите сакале да ги сокријат парите и да ги стават на безбедно место.

„Веднаш потрошивме нешто за реновирање на куќата, за купување автомобил и стан во градот. Планиравме со остатокот да започнеме бизнис. Сепак, имаше проблеми. Се појавија разни измамници, со приказни кои од денешна перспектива беа како во филм. Неверојатно е на какви се постапки и измами се подготвени луѓето, само да ви ги извлечат парите“, вели Зоран М.

Го измамиле „јагуар“ и „Ферари“

Имено, овој среќен добитник најпрвин бил измамен од негови роднини, кои тврделе дека се на стабилна работа и дека многу заработуваат.

„Ми дојдоа со „јагуар“ и „ферари“ да се дружиме и да разговараме за бизнис. Признавам, бев наивен и верував во приказните за недвижнини. Бидејќи не знаев ништо за тоа, ниту пак некогаш бев бизнисмен, не им беше тешко да ме убедат. Наводно, еден од скапите станови се продавал на аукција во тоа време во Белград, а ние се договоривме да го купиме по пониска цена. Им го дадов кешот што го имав со себе, а тие ми оставија скап автомобил како гаранција. Оттогаш тие не се појавија ниту пак ми се јавија на телефон. Се испостави дека автомобилот е на агенција за изнајмување, а никогаш повеќе не ги видов“, ја открива својата судбината Зоран.

Лажен адвокат му зел пари
Но, тие не биле единствените, бидејќи луѓето, како што вели, на разни начини го „ограбувале“.

„После тоа сакав да работам работа за која ми требаше дозвола од Министерството за финансии и за неа долго се чекаше. Запознав еден човек кој ми се претстави како адвокат и можел да ми помогне. Собравме куп хартии, го однесов до канцеларијата и чекав да ја „заврши работата“. Ми рече дека се е средено и дека дозволата е добиена, само треба да ја платиме. Тој исчезна со парите, а јас никогаш не ја видов дозволата. Подоцна разбрав дека тој нема врска со Министерството, туку е измамник“, вели тој.

Можете да полудите од претпазливост

На тој начин целото негово семејство останало практично без ништо и во големи долгови. Најлошото од сè е што ја изгубиле довербата во луѓето, вели тој.

„Да ми кажеше некој дека вакво нешто може да се случи, немаше да верувам. Дури кога имаш големи пари, сфаќаш колку алчни и зли луѓе има околу тебе. Парите ја менуваат психата, личноста, карактерот и не треба да им се завидува на богатите. Сега живеам со грижа на совест дека ништо не сум обезбедил за моето семејство и дека сум потрошил сè поради луѓе кои посакувам никогаш да не ги сретнев. Затоа би сакал да им кажам на сите кои добиваат големи пари – тоа не е среќа, можете да полудите од претпазливост и да ја изгубите довербата во вашите сакани, а на крајот ќе ве измами некој за кого верувате дека ви е најсигурен човек во животот“, заклучува Зоран М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот
Вести

Забрани за камиони на Стража и Маврово, задолжителна зимска опрема кон Попова Шапка

17/02/2026
Елмази и Хоџа на терен во Сарај: Сите служби мобилизирани по поплавите во Буковиќ и Семениште
Вести

Елмази и Хоџа на терен во Сарај: Сите служби мобилизирани по поплавите во Буковиќ и Семениште

15/02/2026
Најчестите причини за болка и чешање во градите
Вести

Најчестите причини за болка и чешање во градите

11/02/2026
Каков е квалитетот на водата за пиење во Скопје?
Вести

Замор, главоболка и сува кожа – знаци дека ви недостасува водаЗошто редовното пиење вода е клучно за виталност и концентрација

10/02/2026
Хонолд го освои „Тајпеј 101“ без јаже, но со официјално одобрение
Вести

Хонолд го освои „Тајпеј 101“ без јаже, но со официјално одобрение

25/01/2026
(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе

23/01/2026
Следна вест
Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче

Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче

Најнови вести

Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Полицијата лиши од слобода четири лица во Скопје поради марихуана

04/03/2026
Секс како подарок за Нова година? Лоша идеја

Три пози кои го зголемуваат женското задоволство во спалната соба

04/03/2026
Пелистер остана на четири бодови по падот во Загреб

Драма до последен здив: Пелистер и ПСЖ одиграа 34-34

04/03/2026
Денеска македонските ракометарки ќе играат со Холандија

Македонките повторно без одговор во клучните моменти

04/03/2026
Власта делеше милиони евра за субвенции, но земјоделието не пркна

МЗШВ со нов бран исплати кон 200-ина корисници

04/03/2026
Белата куќа повика на итен прекин на огнот меѓу страните во суданскиот конфликт

Операцијата „Епски гнев“ во рана фаза, тврди Вашингтон

04/03/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.