Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови, по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -6 до -2 степени, а максималната дневна ќе достигне меѓу 8 и 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината се очекува појава на магла, додека во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и без значителен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5 степени, а максималната ќе достигне околу 8 степени.
Според најавите, до крајот на седмицата времето ќе остане стабилно и претежно сончево, со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови и понатаму ќе има услови за магла по одделни котлини и речни долини.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












