Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 14 и 20 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во делови од котлината можно е утринска магла, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се спушти до 4 степени во утринските часови, а преку ден ќе достигне до 19 степени.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, и во следните денови ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Промена на времето се очекува во четврток, кога се најавуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












