Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што и официјално ќе ја преземе функцијата.
Селами доаѓа на местото на Насер Зибери, кому мандатот му заврши на 12 јули 2025 година поради исполнување на условите за пензионирање.
Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, а има положено правосуден и нотарски испит.
Мандатот на народниот правобранител трае осум години, со можност за уште еден повторен избор, согласно важечките законски одредби и процедурите на Собранието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












