Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишниот Н.Х. од Тетово поради постоење основи на сомнение за „узурпација на недвижности“.
Според истрагата, пријавениот во село Сараќино, тетовско, заградил катастарска парцела во државна сопственост и ја користел како паркинг за свои автомобили.
Против него ќе следи постапка пред надлежното обвинителство, а полицијата продолжува со проверки за слични случаи на незаконско користење на државно земјиште.







