Денешните натпревари од 15. коло во Првата фудбалска лига понудија интересен и квалитетен фудбал.
Во Битола, Пелистер не успеа да ја продолжи серијата победи, откако ремизираше со Македонија ЃП 1:1. Гостите поведоа во 18. минута со голот на Христијан Пецов, а Пелистер изедначи во 63. минута преку Лука Булатовиќ. До крајот на натпреварот, двете екипи пропуштија шанси за победа.
Во Струмица, Тиквеш оствари убедлива победа над Брера со 4:0. Тимот од Кавадарци постигна по два гола во секое полувреме. Во првото полувреме стрелци беа Иван Ивановски (14. минута) и Мартин Стојанов (35. минута), додека Стојанов го постигна и третиот гол во 77. минута, а конечните 0:4 ги постави Благој Стојчев во 90+3. Со новите три бодови, Тиквеш ја надмина Брера на табелата и сега е седми со 18 бодови.
На вчерашниот натпревар, Силекс загуби од Арсими со 1:3.
Во наредните денови на програмата се следниве натпревари:
Утре: Струга – Башкими и Вардар – Шкупи
Понеделник: Шкендија – Работнички
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












