Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во одделни делови од котлината ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилното време ќе продолжи и утре. Се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, особено во западните делови од земјата, локално ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирано невреме со појава на град.
Во главниот град и утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови во делови од Скопската Котлина се очекува појава на нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозите, во текот на новата седмица ќе се задржи топло време. Претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови ќе се создава нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во атмосферата, ќе постојат услови за поинтензивни временски процеси и изолирана појава на невреме со град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












