• Импресум
Saturday, May 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Во Луна паркот има рингишпил каде се вртат празните ветувања на скопските градоначалници?

04/04/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Во Луна паркот има рингишпил каде се вртат празните ветувања на скопските градоначалници?

Старото детско вовче, два рингишпила, ситни градежни работи со поставување на павер-елементи е она што скопјани последниве месеци можат да го видат на соголениот простор на некогашниот омилен Луна парк во Градскиот парк. А беше најавувано дека Скопје ќе добие најдобар забавен парк на Балканот.

Пред девет години се затвори овој простор каде претходно се забавуваа најмладите генерации, а веќе девет години само се редат ветувањата дека Луна паркот ќе се преуреди и направи поголем, поубав… Ама ништо од тоа. Нема засилени работни зафати, нема поставувања на нови забавни реквизити.

Всушност, последните две години, како да секнаа и ветувањата од Градот Скопје дека нешто ќе биде направено и ставено во употреба, дури и со намален број на веќе набавените реквизити кои сега скапуваат по магацините.

Од паркот кај Вардар во скопската општина Аеродром градското претпријатие „Паркови и зеленило“ неодамна ја крена вртелешката која таму беше дислоцирана од главниот скопски плоштад. Ја префрлија на локацијата на Луна паркот, но се уште нема објаснување дали тоа значи дека се подготвува некакво активирање.

А најави дека скопјаните ќе добијат нов Луна парк се редат уште од 2011 година. Тогашниот градоначалник Коце Трајановски најави дека е распишан тендерот за избор на концесионер за изградба на нов луна парк. Но, потоа, градот Скопје реши да го гради со свои средства при што првата фаза започна во 2017 година за да се биде завршено до 2018 година. Но, тоа не се случи за потоа неговиот наследник Петре Шилегов во 2022 година да најави дека ќе продолжи реализацијата на проектот за нов забавен парк. Беше изработена и студија од италијанско архитектонско студио која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје и со која требаше да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил…

Сепак, изградбата на луна паркот не започна до крајот на неговиот мандат но продолжија ветувањата на новата градоначалничка Данела Арсовска дека Луна парк ќе има. Така, таа во својата изборна програма вети „најдобар Луна парк на Балканот“ но и уште два забавни парка во Чаир и во Аеродром. На крајот на 2021 година, Арсовска вети дека веднаш на стартот на 2022 година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк и за тоа беше донесена и одлука на Советот на Град Скопје. Подоцна, во текот на истата година најавуваше дека проектот е во завршна фаза и дека наскоро ќе почне партерното уредување, па потоа…

Очигледно, наместо вртелешките во него, се вртат ветувањата на градските татковци.

Во Луна паркот има рингишпил каде се вртат празните ветувања на скопските градоначалници?  
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка
Вести

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
Вести

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!
Вести

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино
Вести

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
Следна вест
Браво, оркестарот на „Танец“ покажа како се чува македонското музичко наследство

Браво, оркестарот на „Танец“ покажа како се чува македонското музичко наследство

Најнови вести

13 годишно момче со електричен тротинет тешко повредено во сообраќајка

Украден тротинет брзо пронајден, приведен 26-годишник од Тетово

22/05/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

22/05/2026
Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

22/05/2026
Протест на приватните превозници: Не оставија без леб, срам да и е на градоначалничката!

Стоп за тендерот за електрични автобуси и полначи, следува нова постапка

22/05/2026
Маж приведен откако направил хаос во казино

Несекојдневен обид во затворот Идризово: Во 28 јајца откриени дрога и кокаин

22/05/2026
Во Скопје казнет 151 возач

Нов случај на семејно насилство во Прилеп, полицијата постапува

22/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.