Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска ќе има прекини во водоснабдувањето во делови од Скопје поради интервенции на водоводната мрежа.
Поради дефект на цевковод со пречник од 100 милиметри на улицата „Нобелова“, кај крстосницата со улицата „Хелсинки“, од 9 часот до завршување на работите без вода ќе останат корисниците на улиците „Нобелова“ и „Виенска“, како и делови од улиците „Хелсинки“ и „Лондонска“ во општина Карпош.
Дополнително, поради изведување нов приклучок на водоводната мрежа на улицата „Жил Верн“ број 10, од 10 часот до завршување на интервенцијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите на улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“ во општина Кисела Вода.












