Од 12 часот денеска, поради протест на грчките земјоделци, целосно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица).
Протестите го попречуваат нормалното движење кон Грција, па патничките и товарните возила се советуваат да ги следат сообраќајните информации и по можност да користат алтернативни патни правци.
Надлежните институции апелираат до учесниците во сообраќајот за трпение и внимателност при движењето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












