Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира ЈП Македонијапат. Според нивните информации, сите патни правци се проодни.
Сепак, на делници што минуваат низ усеци и клисури постои можност од појава на помали одрони, поради што се препорачува зголемена внимателност.
Од претпријатието апелираат до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












