• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зоран од Куманово печалел во Ирак и Авганистан: Еве колку илјади евра данок на приход треба да плати само за 2020 година

28/12/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Зоран од Куманово печалел во Ирак и Авганистан: Еве колку илјади евра данок на приход треба да плати само за 2020 година

Дел од граѓаните кои треба да платат данок на доход за работата во странство бараат пролонгирање на рокот. Околу 4000 евра данок на приход остварен во странство за 2020 година треба да плати Зоран Наковски од Куманово, но осве него уште илјадници негови сограѓани се соочени со иста обврска спрема државата.

Најголемиот дел од нив работеле во американските бази во Ирак и Аганистан. Зоран вели дека со години наназад прашувале во домашните институции дали треба да платат данок но како што вели секогаш добивале одговор дека тие пари се оданочувани негде.

-Јас сум над 20 години таму, со неколку прекини имам 15 години работено на тие проекти. Сум бил и во Ирак и во Авганистан. Тешко се заработени тие пари, во лоши услови, многумина од нас и не се вратија дома живи. Јас имам да платам приближно 4 илјади евра само за таа година. Одеднаш сега да се враќаме 5 години наназад во 20 дена рок да доставиме ние информации и да побараме од нашите фирми каде се плажале даноците колку се плаќале, ние ќе ги најдеме тие документи само ни треба време, вели за Канал 5 Зоран Наковски, жител на Куманово.

Голем број Кумановци вчера излегоа на протест пред канцеларијата на УЈП откако измнитатите денови добиле информативен маил дека им се најдени приливи во странство. Побарано било од нив и да докажат дека повеќе од 183 дена биле надвор од државата со што не би се сметале за даночни резиденти, но како што вели Зоран Наковски, попусти биле обидите да обезбедат таков доказ бидејќи МВР како што им кажале, не чува податоци од пред 5 години.

Вели дека не се против плаќање данок, но бараат од УЈП да го пролонгира рокот од 15 јануари за да докажат дека данокот е платен.

-Не се оградуваме дека не сакаме да ги платиме даноците, ние не сме против плаќање на данок, но сме против селективно толкување на законите што не притискаат и што не ни дозволуваат доволно време да најдеме рокови. Да изготвиме информации што ќе докажеме дека тие наши фирми плаќале даноци каде што сме работеле и да бидеме на чисто.

УЈП вчера соопштија дека не се работи за нова даночна обврска туку во минатото не била доследно применувана а евентуеалните пропусти во минатото, велат се прашање на претходната раководна структура.

– Нагласуваме дека резидентите кои за остварениот доход веќе платиле данок во странство нема да бидат двојно оданочени. Законот и договорите за одбегнување на двојно оданочување овозможуваат признавање на платениот данок во странство како даночен кредит, или враќање на платениот данок во странство врз основа на докази, со што се обезбедува правичен и законски третман на сите граѓани без исклучок, велат од УЈП.

Дали УЈП ќе го пролонгира рокот како што бараат ѓраѓани од Куманово одговор нема. ниту претходното раководство не одговори околу прозивките за пропустите.

Жители на Куманово велат дека ако УЈП се согласи со пролонгирање на рокот ќе престанат со протестите а во меѓувреме се реорганизираат со засегнати граѓани и од други градови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто
Вести

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници
Вести

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона
Вести

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк
Вести

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство
Вести

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени
Вести

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
Следна вест
Полицаецот при апсењето го прашал „Што направи, човече?“ – следел шокантен одговор од монструмот Тихомир

Полицаецот при апсењето го прашал „Што направи, човече?“ – следел шокантен одговор од монструмот Тихомир

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.