• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

24/03/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Започна исплатата на боледувањата, породилнoтo и рефундациите

Фонд за здравствено осигурување упати итно предупредување до јавните здравствени установи во Македонија кои располагаат со апарати за магнетна резонанца да ги проверат резервите на хелиум и навреме да обезбедат дополнителни количини. Причината е можен прекин во снабдувањето на европскиот пазар и раст на цените, поврзани со актуелните геополитички тензии околу Иран.

Хелиумот е клучен за функционирањето на апаратите за магнетна резонанца, бидејќи се користи за ладење на суперспроводливите магнети. Без овој гас, уредите не можат да работат, што би можело да предизвика сериозни прекини во дијагностичките услуги за пациентите.

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека апелот е превентивен, со цел навремено да се спречат евентуални проблеми во функционирањето на здравствениот систем. Тој нагласи дека установите треба да направат проценка и да реагираат додека хелиумот сè уште е достапен на пазарот.

Во моментов, цената на хелиумот е зголемена за околу 30 проценти, а постојат најави за дополнителен раст. Проблемите во снабдувањето се поврзуваат со нарушувања во глобалните синџири на испорака, делумно предизвикани од состојбите во регионот на Персиски Залив.

Хелиумот е редок гас со екстремно ниска температура на вриење од околу -269 степени Целзиусови, што го прави незаменлив за стабилна работа на МР апаратите. За оптимално функционирање, еден апарат може да користи и до 1.700 литри течен хелиум.

Од ФЗО потенцираат дека навременото планирање и набавка се клучни за да се избегнат застои во дијагностиката, имајќи предвид дека магнетната резонанца е една од најважните и најчесто користени методи во современата медицина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје
Вести

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната
Вести

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето
Вести

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
Следна вест
Сиљановска-Давкова: Билатералните прашања не смеат да бидат пречка

Сиљановска-Давкова: Билатералните прашања не смеат да бидат пречка

Најнови вести

Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

Активирани кризни штабови во општините, невремето направи хаос во Скопје

21/07/2026
Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

Деко го избра Лапорт како ново засилување за одбраната

21/07/2026
„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

„Авалон“ го откажа концертот на Џос Стоун поради невремето

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.