Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово се случило пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите од Полициската управа Крапинско-загорска, 52-годишен маж со огнено оружје усмртил 52-годишен полициски службеник, кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува хрватскиот Индекс.
По инцидентот, истиот маж пукал и во себе. Тој бил пренесен со хеликоптер во Клиничката болница „Дубрава“, а засега не е познат степенот на неговите повреди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












