• Импресум
Monday, May 25, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сити и Лајпциг обезбедија пласман натаму во Лигата на шампионите, Милан подобар од ПСЖ

08/11/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Сити и Лајпциг обезбедија пласман натаму во Лигата на шампионите, Милан подобар од ПСЖ

Актуелниот европски првак Манчестер Сити обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите откако во 4. коло од групата Г го совлада Јанг Бојс со 3:0 и ја оствари четвртата победа.

Победничката серија на „Граѓаните“ продолжи и во четвртото коло. Сити со рутинска победа од 3:0 стигна до четвртото славје обезбедувајќи пласман во осминафиналето. Сити поведе во 23. минута со гол од пенал кој сигурно го реализира Норвежанецот Ерлинг Халанд, а во самиот финиш на првото полувреме Фил Фоден лесно го мина својот чувар, а потоа со прекрасен удар погоди за 2:0. Конечните 3:0 ги постави норвешкиот напаѓач со одличен удар од работ на шеснаесетникот во 51. минута за 3:0. Две минути подоцна гостите останаа со играч помалку откако Сандро Лаупер беше исклучен поради втор жолт картон.

Во вториот натпревар од групата, РБ Лајпциг ја победи Црвена ѕвезда со 2:1 во Белград, придружувајќи му се на Сити во втората фаза. Гостите поведоа уште во осмата минута по одличниот продор и уште подобриот гол на Чави Симонс. Во последните моменти од првото полувреме двете екипи имаа фантастични можности. Во 44. минута Лоис Опенда излезе сам пред домашниот гол, но добро реагираше Омри Глејзер, а во контранапад домашниот тим можеше да постигне гол, но Осман Букари не беше прецизен. Опенда ја исправи грешката погодувајќи во 77. минута за 2:0. Три минути подоцна белградскиот тим се врати во игра по автоголот на Бенџамин Хенрикс, кој беше погоден од топката по центаршутот на Канга. На крајот Ѕвезда тргна по вториот гол и имаше одлична шанса, но гостите во втората минута од судиското надополнување беа спасени од голманот Јанис Бласвич, кој го одбрани ударот на Петер Олајнка.

На табелата води Манчестер Сити со 12 бодови, РБ Лајпциг има девет, а Црвена ѕвезда и Јанг Бојс по еден.

Во еден од најинтересните натпревари на вечерта, Милан на „Сан Сиро“ го победи ПСЖ со 2:1, комплицирајќи ја ситуацијата во групата. ПСЖ поведе, но „Росонерите“ го свртеа резултатот остварувајќи ја првата победа во групата. Францускиот шампион поведе во деветтата минута со голот на Милан Шкринјар. Витиња изведе корнер, Маркињос со глава ја упати топката до подалечната статива до Шкринјар кој погоди за 1:0. Само три минути подоцна Милан израмни по одличната контра на Рафаел Леао. Бразилецот го вработи Оливие Жиру кој шутираше, Џанлуиџи Донарума одбрани, но Леао со одлични „ножички“ ја смести топката во мрежата. Парижаните можеа да дојдат до нова предност во 27. минута, но Усман Дембеле ја погоди стативата. Милан во 50. минута со голот со глава на Жиру го сврте резултатот за 2:1. Тео Ернандез уфрли, а францускиот напаѓач извонредно постигна гол за водство на „Росонерите“. Интересно, во моментот на центаршутот, во казнениот простор лежеа дефанзивецот на гостите Хакими и домашниот напаѓач Леао по меѓусебен судир, но тоа не го спречи Жиру да ја затресе мрежата по високиот скок. ПСЖ најблиску до израмнување дојде во 89. минута кога Канг-Ин Ли ја погоди стативата.

Во вториот натпревар од групата Ф, Борусија Дортмунд го победи Њукасл Јунајтед со 2:0. Домашните поведоа во 26. минута со голот на Никлас Фулкруг, а победата ја потврди Јулијан Брант во 79. минута.

На табелата води Борусија со седум бодови, ПСЖ има шест, Милан е на пет, а Њукасл Јунајтед има четири бода.

Во групата Е, Атлетико Мадрид го декласираше Селтик со 6:0 и го презеде врвот на табелата. Антоан Гризман во шестата минута го доведе шпанскиот тим во водство. Дополнителни проблеми за гостите стигнаа во 23. минута откако Дајзен Маеда со невнимателен фаул го сопре Хермоза. Словачкиот судија Иван Кружлијак најпрвин му покажа жолт картон на јапонскиот репрезентативец, но по видео проверката го исклучи напаѓачот на шкотскиот шампион. Атлетико дојде на чекор до победата во самиот финиш на првото полувреме откако Алваро Мората од непосредна близина погоди за 2:0. Сите сомнежи околу прашањето на победникот, доколку ги имаше, Атлетико ги реши во 60. минута, откако Гризман со „ножички“ повиси на 3:0, а шест минути подоцна Самуел Лино по четврти пат ја затресе мрежата на Џо Харт. Во 76. минута Мората го постигна вториот гол на натпреварот, а на пет минути пред крајот на натпреварот меѓу стрелците се впиша и Саул Нигез. Победата на Атлетико можеше да биде и поубедлива, но Анхел Кореа ја погоди стативата во 69. минута.

Во вториот натпревар Лацио го победи Феенорд со 1:0. Решавачкиот момент се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Лацио поведе со голот на Чире Имобиле, кој го постигна својот 200. гол за римскиот клуб во сите натпреварувања. Феенорд лошо постави офсајд стапица, што го искористи капитенот на Лацио. Го заобиколи Џастин Бијлоу и погоди за 1:0.

Атлетико води со осум бода, Лацио има седум, Феенорд остана на шест, а Селтик има еден бод.

Во групата Х, Порто го победи Антверпен со 2:0. Еванилсон (32-11м) и Пепе (90+2) беа стрелци за Порто, а од 53. минута гостите играа без исклучениот Јирген Екеленкамп.

Во првиот натпревар од оваа група Шахтјор ја победи Барселона во Хамбург со 1:0 и се врати во игра за пласман во осминафиналето. По трите воведни победи, шпанскиот гигант можеше да го потврди пласманот во осминафиналето во Хамбург, но Шахтјор ги шокираше Каталонците остварувајќи голема победа. Решавачкиот гол го постигна Данило Сикан во 40. минута.

На табелата води Барселона со девет бодови, исто колку и Порто, додека Шахтјор е на шест бода. Белгијците се на дното без бодови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанците го објавија составот за Светското првенство: Де ла Фуенте избра 26 фудбалери
Вести

Шпанците го објавија составот за Светското првенство: Де ла Фуенте избра 26 фудбалери

25/05/2026
„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите
Вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија
Вести

Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга
Вести

Шампионски финиш: Вардар сигурен против Шкендија во последното коло

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга
Вести

Вардар апелира до навивачите: Прославете ја титулата со достоинство и почит

21/05/2026
Ѓоковиќ: Ќе ги жртвувам трофеите ако ме тераат да се вакцинирам
Вести

Позната ждрепката за Ролан Гарос, Ѓоковиќ тргнува по 25. гренслем-титула

21/05/2026
Следна вест
Утрово сообраќаен метеж на овие улици и булевари во Скопје

Утрово сообраќаен метеж на овие улици и булевари во Скопје

Најнови вести

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Полицијата приведе четири лица по напад врз доставувач во Скопје

25/05/2026
Шпанците го објавија составот за Светското првенство: Де ла Фуенте избра 26 фудбалери

Шпанците го објавија составот за Светското првенство: Де ла Фуенте избра 26 фудбалери

25/05/2026
Мицкоски и Пленковиќ на средба во Охрид, фокус на економијата и енергетиката

Мицкоски и Пленковиќ на средба во Охрид, фокус на економијата и енергетиката

25/05/2026
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот, кажа Сиљановска-Давкова

Претседателката со честитка за 24 Мај: Јазикот е колективна меморија на еден народ

24/05/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 24 Мај: Да го чуваме македонскиот јазик и традиција

24/05/2026
Филипче: Мицкоски измислува сценарија за хаос затоа што нема резултати

Филипче: Македонскиот јазик е рамноправно признат во Европската Унија

24/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.