• Импресум
Friday, June 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Директорката која отвори албанска паралелка во Чашка, наградена со вработување на ќерката во Просветниот инспекторат

22/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Директорката која отвори албанска паралелка во Чашка, наградена со вработување на ќерката во Просветниот инспекторат

Додека повеќе од еден месец, учениците од основното училиште „Тодор Јанев” во Чашка ја бојкотираат наставата поради  незаконско воведувањето на паралелка на албански јазик во населено место само со Македонци, излегува на површина причината за сервилноста на ВД директорката, Елена Николова, кон надлежните образовни институции, со кои раководат кадри на ДУИ и на Алијанса на Албанците.

Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост.

За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.

„По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори“.

Родителите на учениците Македонци не дозволуваат противзаконско и вонстатутарно отворање на албанска паралелка која ја одобри МОН, а ја прифати директорката Николова.

Неколку денови полиција од Велес и Чашка беше и тампон зона помеѓу родители и директорката, а еднаш мораше и да интервенира за да ја спречи топлата да и се нафрли на Николова.

Според родителите кои не ги пуштааат децата на настава во ООУ „Тодор Јанев”, министерот за образование Јетон Шаќири насилно и притивзаконски сака да отвори албанска паралелка во Чашка, иако, за децата има други училишта во кои наставата се одвива на албански јазик.

Револтот деновиве кај родителите е зголемен откако министерството најави привремена онлајн настава поради бојкотот, но, набргу се предомисли.

Тие му предложија на министерот за образование Јетон Шаќири, четирите деца за кои се отвори паралелката, да учат на својот мајчин јазик во друго училиште во село Сливник, додека не се изгради училиште во Бањица од каде што се децата и кое е предвидено да се гради уште пред повеќе години.
Сливник е населено место под Општина Велес, а од локалната власт понудиле да ги подмират трошоците за превоз на децата бидејќи Бањица и Сливник се два километри оддалечени. Но, министерот инсистира тие деца да учат во Чашка и да патуваат осум километри.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година
Вести

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени
Вести

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот
Вести

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев
Вести

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
Следна вест
Сајкоски во интервју за КУРИР: Не, не се сите политички партии исти!

Сајкоски во интервју за КУРИР: Не, не се сите политички партии исти!

Најнови вести

Oсвоила над 200.000 евра во казино во Франција за Нова година

Пратениците и експертите денеска дискутираат за новиот закон за игри на среќа

19/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин во водоснабдувањето кај „Рекорд“ и Министерството за правда

19/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата до 36 степени

Температурите ќе достигнат до 33 степени, следува нестабилно попладне

19/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Џеј Ди Венс ја откажа посетата, пропаднаа разговорите со Иран

19/06/2026
Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

Канада и Мексико славеа во новото коло на Мундијалот

19/06/2026
Македонците од Бугарија реагираат на изјавата на Радев

Радев одби средба со Мицкоски

18/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.