• Импресум
Sunday, April 19, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сајкоски во интервју за КУРИР: Не, не се сите политички партии исти!

23/12/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Сајкоски во интервју за КУРИР: Не, не се сите политички партии исти!

Ѓорѓија Сајкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека не се сите партии исти.

Во интервју за КУРИР тој посочува дека поради неспособноста и неработата, политичките партии кои се денес на власт во Македонија започнаа една тивка кампања „Сите се исти„.

-Почнаа да ја шират оваа фраза меѓу граѓаните под превез на „ништо не работиме денес, но ништо не се работеше ниту вчера“, сакаат да си изнајдат оправдување за сопствената интелектуална мрзеливост и рамнодушност. Во природата во која е дел и човекот, не постои ниту едно единствено нешто кое е исто на друго нешто. Така е и со политичките партии. Не дозволувајте да станете дел од колективната меланхолија што ја обземала популацијата, гледајте, слушајте и расудувајте за тоа колку само не сме исти. Таа фраза “за кого да гласам, сите се исти” e користена од луѓе кои напоменав станале интелектуално мрзеливи, рамнодушни, национално отуѓени, користена е и од оние кои не сакаат или не можат, позицијата и околностите не им дозволуваат да признаат дека не се сите исти. Користена е и од поединци кои имаат за цел да го нарушат демократскиот поредок во државава и да ви го одземат правото на тоа да го искажете својот глас, истакна тој.

Сајкоски оценува во овие години на владеење на тековната гарнитура, уште еднаш се покажа и докажа дека единствена партија под чие владеење државата расте и напредува е токму ВМРО-ДПМНЕ.

-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа со својата работа дека многу сме различни, со скромни средства успеаја да направат градежен бум и полека да го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.
Додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ се даваа бесплатни учебници, компјутер за учениците, лаптоп за секој професор, се овозможи бесплатен презвоз за учениците и студентите, се градеа нови училишта, спортски сали, денес учениците се оставени без учебници, а и тие кои ги добија се полни со бесмисленици. Кој го унаказува образованието, а кој го унапредува? Додека едно време економијата и БДП-то беа во пораст, се носеа вредни инвестиции, се вработија над 100.000 луѓе, денес поголем дел од населението се бори да помине месец за месец, основните потреби се наречени луксуз, цените растат, компании пропаѓаат, вели тој.

Во интервјуто оценува дека денес нема нови инвестиции, но денес има криминал од невидени размери, државните компании се обезвреднуваат и безмилосно се уништуваат.

-Никогаш Македонија не била на распродажба како што е случај во последниве години под дикататурата на просечните. Некогаш бевме горди и со свој став, со своја историја и суверенитет. Денес сме изложени на секакви малверзации и на празни ветувања за Европска иднина, кога зборуваат, односно шпекулираат за некаков европски пат тие мислат како да поделат некој тендер или да злоупотребат пари од граѓаните. Корупцијата никогаш никаде нема да не однесе, а најмалку пак во Европска Унија. Понатаму, колку категории на граѓани се заборавени и понижени од власта? Земјоделците потчинети, особено тутунопроизводителите кои се понижени со цената која им се нуди за откуп на тутунот, оризопрозводителите уништени, сега во Македонија се произведува 40 % помалку храна. Имаме 45.000 помалку вработени од пред неколку години. Пензионерите понижени. Младите далеку од дома. Здравството во колапс. И така листата може да продолжи да се надополнува до бескрај. Инфлацијата ги јаде платите и пензиите, истакнува Сајкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека треба да ги оставиме СДСМ во историјата.

-Присетете се на сите злодела кои ни се случија, направете споредба и донесете заклучок. Човекот пред сѐ мора да е доблесен и да биде искрен во одговорот на прашањето, дали истите тие заслужуваат да бидат наречени исти со ВМРО-ДПМНЕ? Нарушена е безбедноста и доведена е во прашање правната држава.
Кажувајќи ја и следејќи ја дотичната фраза, вие несвесно ја помагате оваа сиромаштија, беда и тиранија. Да ги оставиме СДСМ во историјата, кои секогаш ветуваа просперитет, еднаквост и безбедност, а испорачуваа сиромаштија, беда и тиранија. Бидејќи ние имаме тим, ние имаме идеја и ние носиме надеж за Македонија и незјините граѓани, затоа што не сме исти и никогаш не може да се прави споредба, заклучи тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
АНКЕТА: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски

АНКЕТА: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.