• Импресум
Thursday, July 23, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

За 3-4 месеци пак ли ќе има проблем со ЈСП „Скопје“?

23/01/2024
Време за читање: 1 минути
A A
За 3-4 месеци пак ли ќе има проблем со ЈСП „Скопје“?

Повеќе од десетина часа скопјани вчера немаа јавен градски превоз. Иако прекинот беше најавен, луѓето имаа проблеми – учениците не можеа да одат и да се враќаат од училиштата, постарите не можеа да одат на лекар и да завршуваат работни и други обврски… Зошто ова не се спречи?

Во меѓувреме, можеше да се гледа повторно иста слика во Советот на Град Скопје. Бескрајни советнички и партиски натегања околу тоа дали да се исплатат нови субвенции на ЈСП „Скопје“ или доста е од тоа. Сега се работеше за исплата на 11 милиони евра откако во октомври беа исплатени околу 1,8 милиони евра.

Големи пари.

И пак се слушаа исти натегања: едните – советници од ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваа на исплатите бидејќи бараа отчет за потрошеното, имаа сомнежи дека парите се трошат нерационално, дека директорот не функционира како што треба…, другите – се согласуваа со исплатата без објаснувања.

А зошто немаше објаснувања-отчет и потоа работата да си тече како што треба?

На крајот, по една неуспешна седница мораше да се одржи и втора за да исплатата сепак се изврши. Сепак сите увидоа дека скопјани ќе бидат осудени да немаат превоз.

И, вака ли ќе прават на секои 3-4 месеци? Дали со ова се реши проблемот со функционирањето на најголемиот градски превозник ЈСП „Скопје“?

Не. Проблемот не е решен.

А мора да се затвори прашањето: како да се финансира ЈСП кое бара доста пари? На сила сега е моделот: свикај седница на Совет и изгласај субвенции од неколку милиони евра. Тоа е така заради обврската која му е наметната на ЈСП да мора да вози бесплатно или со ниски цени за многу категории граѓани. Претпријатието не може да заработува реални пари колку што му се потребни. Па така, на неколку месеци се свикуваат седници кои се претвораат во арена за партиски конфронтации и водење на кампањи. А суштината е во тоа како да се обезбеди јавност во трошењето на парите што ќе му се дадат на ЈСП „Скопје“. Доколку е тоа проблем, тогаш, еве, нека советниците си одржат посебна седница на којашто ќе ги договорат механизмите како ќе се прави увид и ќе се добиваат прецизни финансиски извештаи. Во спротивно, на следна седница пак ќе се слушат истите рефрени и нема да се гласаат субвенциите, пак ќе има прекини на сообраќајот…

Или, ако е проблем со големиот број на граѓани кои користат бесплатен јавен превоз, тогаш нека се преиспита оправданоста на ваквата мерка. Ако е очигледно дека Советот не може да обезбеди уредна исплата на субвенции тогаш нека се преиспита оправданоста на ова. Но, наместо ова, се даваат ветувања дека ќе има и целосно бесплатен превоз…

Сега е, очигледно, момент нешто темелно да се реши во однос на статусот и функционирањето на јавниот превоз во градот. И тоа мора да биде главен приоритет на Советот и на градоначалникот на Скопје. А потоа, би можеле да размислуваат и за негово модернизирање и за тоа што да се прави со концептот за БРТ, за неискористениот кредит од 70 милиони евра. Во спротивно, градските автобуси ќе возат кон слепи улици.

За 3-4 месеци пак ли ќе има проблем со ЈСП „Скопје“?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Водата во Скопје безбедна за пиење
Вести

Итно предупредување во Валандово: Не ја пијте водата од градскиот водовод

22/07/2026
Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас
Вести

Калил ал-Хаја го наследи Јахја Синвар на чело на Хамас

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар ја чека вистината: Денеска ќе бидат познати анализите на водата

20/07/2026
Застрашувачки вести од трагедијата во Велес: Откриени нови ДЕТАЛИ – сите во шок
Вести

Трагедија кај Блаце: Тројца државјани на Косово пронајдени мртви во превртен автомобил

20/07/2026
Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните
Вести

Гостивар пред епидемија: Институтот за јавно здравје со итен апел до граѓаните

19/07/2026
Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција
Вести

Падна рекорд од 1958 година во дуелот Англија – Франција

19/07/2026
Следна вест
Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи 4 дена

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи 4 дена

Најнови вести

Цените на нафтата во третиот квартал се зголемија за повеќе од 25 отсто

Новите тензии на Блискиот Исток ја кренаа цената на нафтата

22/07/2026
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот 2026, Шпанија со најмногу претставници

22/07/2026
Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

Алкалоид ги претстави трите големи засилувања за новата сезона

22/07/2026
САД го фатија Мадуро, обвиненијата веќе поднесени – следи судење во Њујорк

Нов развој во случајот Мадуро: Судењето почнува во јуни 2027 година

22/07/2026
Аргентина испиша неславна историја во финалето на Светското првенство

Аргентина под истрага по масовната тепачка по финалето на Светското првенство

22/07/2026
Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

Невреме со трагични последици во Албанија: Двајца загинати и тројца повредени

22/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.