Португалскиот фудбалски мајстор Кристијано Роналдо во голем стил ја заврши својата прва целосна сезона во Саудиската професионална лига, откако го собори рекордот за најмногу постигнати голови во една сезона.
Во мечот од последното, 34. коло, Ал Наср го победи Ал Итихад со 4:2, а Роналдо со два гола стигна до рекордната бројка од 35 погодоци во сезоната. Претходниот рекорд го држеше поранешниот марокански напаѓач Ал Наср Абдеразак Хамдала, кој постигна 34 гола во сезоната 2018/2019.
Португалецот во 45. минута погоди за 1:0, а во 69. минута на асистенција на хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ го зголеми водството на домашните. Стрелци за победникот беа и Гареб (79) и Ал Немер (90+5), додека стрелци за Ал Итихад беа Ал Шамрани (89) и Фабињо (90+2).
Титулата саудиски шампион ја освои Ал Хилал со 96 бода, додека Ал Наср е втор со 82 бода.