Доаѓа Велигден, па еве еден начин како да ги украсите велигденските јајца.
Состојки: 7-8 бели јајца, 2 кесички зелена боја, Лушпи од кромид, Влажни марамчиња или газа, 50 мл. алкохолен оцет
Подготовка:
Земете поголема количина на лушпи од кромид и ставете ги во блендер да се иситнат. Јајцата навлажнете ги со ладна вода и веднаш ставете ги во иситнетите лушпи од кромид и секое јајце завиткајте го со влажно марамче или газа и прицврстете со ластиче. Вака подготвените јајца наредете ги во тенџере.