• Импресум
Thursday, May 7, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите

03/09/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на најавите за нов кривичен законик, денеска порача да се пополнуваат правните празнини и да се размисли во таа насока во идните уставни измени што ќе се концентрираат на проблемите што произлегуваат од досегашното спроведување на Уставот.

Сиљановска Давкова, на новинарско прашање „дали е во контакт со институциите за надминување на проблемот со Кривичниот законик откако помина шестемесечниот рок што го даде Уставниот суд, а Собранието не донесе нов“, сподели дека деновиве добиле барање врз основа на слободен пристап до информации за тоа кога претходниот претседател ги потпишал измените на Кривичниот законик.

Претседателката истакна дека лекциите мора да се научат.

-Не сум, бидејќи јас не сум овластен предлагач за закони, ниту за измени, но знам дека  деновиве добивме врз основа на слободен пристап до информации барање за тоа кога претходниот претседател ги потпишал измените, кој ден и слично. Инаку, одлично прашање. Мора да научиме лекции. Кога Уставниот суд ќе донесе одлука без оглед дали се однесува на независните листи или на кое било друго прашање, еве на прашање од кривичната материја, тој му кажува на Собранието дека како законодавец веднаш треба да посегне кон пополнување на правната празнина. Лошо е да има правни празнини. Во некоја идна уставна измена, ама која ќе се концентрира на  проблемите што произлегуават од досегашното спроведување на Уставот мора да размислиме и за ова, изјави Сиљановска Давкова, по доделување а признанието „Инженерски прстен“.

Претседателката потенцираше дека веднаш треба да се почне со пополнување на правната празнина и како што нагласи, да не се чудиме со решенијата што ги имаме сега.

-Во некои држави, како во Франција, законите што се носат со двотретинско мнозинство прво се разгледуават од Уставниот совет, односно уставнит суд, па потоа се објавуваат. Во Словенија, во други држави законите пред да бидат изгласами се даваат на мислење на Уставниот суд. Тие веднаш треба да почнат со пополнување на правната празнина Затоа се чудиме со решенијата што ги имаме сега, не смее тоа да ни се случи, рече Сиљановска Давкова.

Уставниот суд во февруари годинава одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите. Како што изјави тогаш претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор повреден откако паднал од велосипед
Вести

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор повреден откако паднал од велосипед

07/05/2026
Украина е подготвена да преговора со Русија за неутрален статус
Вести

Претставници на САД и Украина неделава во Мајави ќе бараат решение за мирно решевање на воениот конфликт

07/05/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа
Вести

Трамп очекува војната со Иран „брзо да заврши“

07/05/2026
„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата
Вести

„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

07/05/2026
Тоневски: Пробиштип домаќин на Еразмус размена – ученици и наставници од Турција во ново меѓународно дружење
Вести

Тоневски: Пробиштип домаќин на Еразмус размена – ученици и наставници од Турција во ново меѓународно дружење

07/05/2026
Битола има потенцијал: Зелени работни места што е додадена вредност во процесот на праведната енергетска транзиција во Пелагонија
Вести

Битола има потенцијал: Зелени работни места што е додадена вредност во процесот на праведната енергетска транзиција во Пелагонија

07/05/2026
Следна вест

Се запали барака на кумановскиот Центар за управување со кризи

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.