• Импресум
Wednesday, June 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Во недела Ден без автомобили

28/05/2021
Време за читање: 1 минути
A A
Во недела Ден без автомобили

Улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите

Во недела, на 30.05.2021 година, Градот Скопје ќе организира Ден без автомобили под мотото „Улици за луѓе“. За таа цел, улицата Васко Карангелевски во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот. На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, информира Градот.

– Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор. Плановите за целокупната реорганизација на урбаниот транспорт во Скопје, пресликани во многу плански и стратешки документи, имаат голем потенцијал трајно да го подобрат квалитетот на живот во градот. Во таа насока, спроведувањето на проектот за брз автобуски превоз (БРТ), се очекува да донесе трајно намалување на употребата на индивидуални моторни средства, но за да го постигне тоа, граѓаните треба да се навикнуваат да ги оставаат своите автомобили дома, за почеток во деновите наменети за одмор и рекреација. Активностите кои го поттикнуваат ова, ќе ја зaцврснат довербата во политиките на Град Скопје и забрзано ќе ги донесат придобивките од тие политики што добро се набројани и елаборирани во Акцискиот план за Зелен град – велат од Град Скопје.

Од таму додаваат дека ваквите активности одат во прилог на зацртаната цел на Град Скопје да се стекне со титулата „Зелена престолнина во Европа“. Таму, токму одржливата урбана мобилност е еден од дванаесетте критериуми и особено е нагласено дека Градот треба да се стреми кон преполовување на употребата на автомобили со конвенционални фосилни горива до 2030 година.

Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги
Вести

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

03/06/2026
Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана
Вести

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид
Вести

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември
Вести

Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

03/06/2026
Без струја дел од Кисела Вода
Вести

ЕВН најави исклучувања: Овие делови од Бутел ќе останат без струја

03/06/2026
По киднапирањето на Мадуро: САД бараат итна евакуација на своите граѓани од Венецуела
Вести

Тензии во Персискиот Залив: Вашингтон и Техеран повторно на работ на судир

03/06/2026
Следна вест
Филипче: Комисијата предложи попуштање на мерките поради спласнување на епидемијата

Филипче: Комисијата предложи попуштање на мерките поради спласнување на епидемијата

Најнови вести

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

ИЈЗ под лупа: Незаконски исплати и спорни договори за услуги

03/06/2026
Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

Иранските фудбалери добиваат дозвола, но дел од делегацијата под забрана

03/06/2026
Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

Фабрицио Романо потврди: Дамфрис се сели во Реал Мадрид

03/06/2026
Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

Учениците во Полска ќе ги оставаат телефоните во шкафчиња од септември

03/06/2026
Без струја дел од Кисела Вода

ЕВН најави исклучувања: Овие делови од Бутел ќе останат без струја

03/06/2026
По киднапирањето на Мадуро: САД бараат итна евакуација на своите граѓани од Венецуела

Тензии во Персискиот Залив: Вашингтон и Техеран повторно на работ на судир

03/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.