• Импресум
Thursday, August 6, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Сиљановска-Давкова патрон на прославата за 100 години „Љуботен“

16/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Сиљановска-Давкова патрон на прославата за 100 години „Љуботен“

На свечената академија во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово беше одбележан големиот јубилеј – 100 години од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“. Настанот се одржа под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која им се обрати на присутните.

Свое обраќање имаа и претседателот на клубот „Љуботен“, Јован Божиноски, како и првиот човек на ФПСМ, Зоран Читкушев.

Во честитката за вековниот јубилеј, Сиљановска-Давкова ја истакна искрената благодарност до сите генерации планинари кои низ годините ја афирмираа љубовта кон Шар Планина и кон природата. Таа го нагласи нивниот придонес во развојот и промоцијата на здравите навики и рекреативниот дух.

Претседателката подвлече дека планинарењето, како спорт и рекреација, значајно влијае врз физичкото и менталното здравје и го јакне карактерот. Според неа, време е државата да ги следи примерите на земјите во кои планинарењето е дел од наставните програми и е широко прифатено како дел од современиот начин на живот.

Публиката имаше можност да ја доживее богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб преку документарен филм и мултимедијална изложба поставена во галеријата на Домот на културата.

На крајот од свеченоста, Сиљановска-Давкова, како и повеќе истакнати членови на клубот, заедно со домашни и меѓународни институции и партнерски програми, добија плакети за својот долгогодишен придонес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори
Uncategorized

ВЛЕН ја чека визијата на премиерот за промените во Владата

17/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни
Uncategorized

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ
Uncategorized

(Видео) Смртта на Един Авдиќ го расплака долгогодишниот колега Ненад Костиќ

06/06/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Uncategorized

Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

28/05/2026
Почина познатиот актер Чак Норис
Uncategorized

Почина познатиот актер Чак Норис

20/03/2026
Жена и дете загинаа во тешка сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани
Uncategorized

Седумдесетгодишна жена почина по сообраќајка во Струга

22/02/2026
Следна вест
Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп

Проданоски: ЕКО МИСИЈА за почист и поздрав Прилеп

Најнови вести

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје

Николоски: Директната линија Женева – Скопје е отворена по барање на дијаспората

06/08/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Нов дипломатски судир меѓу Вашингтон и Бразил по спорот со визите

06/08/2026
Горештините се враќаат, утре до 36 степени

Сончево и многу топло време, попладне можен дожд и грмежи во планините

06/08/2026
Мицкоски: Новата авиолинија Скопје – Будимпешта носи економски и туристички бенефити

Владата потпишува договори со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР за Коридорот 8

06/08/2026
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведена прилепчанка

Полицијата заплени стотици таблети во домот на 30-годишен кумановец

05/08/2026
Што ќе се случи ако го изберат за Претседател: Трамп не може да влезе во 37 земји во светот

Трамп се закани: Ормуската Теснина ќе биде отворена многу брзо

05/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.