Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопштува дека денес времето ќе биде нестабилно, со променлива облачност и повремени врнежи од дожд. На одделни локации се очекува да паднат и до 25 литри дожд на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а понекаде и засилен јужен ветер.
Утрото ќе донесе минимални температури од 4 до 10 степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 6 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со краткотрајни врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југ. Температурите ќе се движат меѓу 6 степени во утринските часови и околу 13 степени преку ден.
Според прогнозите на УХМР, од денес до сабота ќе преовладува облачно време со повремени дождови. Во четврток врнежите на планинските предели ќе преминат во снег, а дневните температури ќе се намалат за 4 до 6 степени во однос на сегашните. Подобар временски период се очекува од недела.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












