Украинските сили извршиле нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“, најголемата руска компанија за онлајн-трговија, при што се повредени неколку лица, пренесуваат светските агенции повикувајќи се на соопштение од директорката и коосновачка на компанијата, Татјана Ким.
Според информациите, цел на нападите биле логистичките магацини на компанијата во Краснодар и Невиномиск, кои се наоѓаат во Краснодарскиот и Ставрополскиот крај.
Татјана Ким преку објава на „Телеграм“ информираше дека компанијата е во постојана координација со надлежните служби и дека се преземаат мерки за санирање на последиците од нападите и процена на причинетата штета.
Нападите следуваат само неколку дена по претходниот украински удар врз логистичкиот центар на „Вајлдберис“ во Котовск, во Тамбовската област. Според последните достапни информации, во тој напад, кој беше извршен ноќта кон саботата, животот го загубија осум вработени.
Засега нема дополнителни информации за обемот на материјалната штета во најновите напади, ниту за евентуални нови жртви.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












