• Импресум
Sunday, June 21, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Руски напад врз Киев: едно загинато лице и повеќемина повредени

29/11/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Нова рунда преговори во Украина, но и нова рунда бомбардирања

Најмалку едно лице загина, а седум други – меѓу кои и 13-годишно дете – беа повредени во нов руски ракетен и дронски напад врз Киев изутринава, објави Би-би-си.

Експлозии одекнаа во раните утрински часови и предизвикаа сериозна штета на повеќе станбени објекти во различни делови од украинската престолнина. Според градоначалникот Виталиј Кличко, четворица повредени биле префрлени во болница, а пожар зафатил дел од висококатница во западниот дел на градот. Друг пожар избувнал во централната зона, но бил ставен под контрола.

Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, соопшти дека нападите погодиле неколку цели на периферијата на градот и дека противвоздушната одбрана дејствувала врз дронови што летале над Киев.

Регионалните власти информираа дека и во Бровари, источно од престолнината, има повредени – две жени биле ранети откако дронови и ракети погодиле станбени области.

Нападот следува само неколку дена по претходното руско бомбардирање во кое загинаа седуммина, додека жртви беа пријавени и во руската област Ростов.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин повторно ги повтори своите услови за запирање на војната, барајќи Украина да се повлече од териториите што Москва ги смета за свои. Тој потврди дека следната недела во Москва ќе престојува американска делегација, предводена од специјалниот пратеник Стив Виткоф, за разговори околу предлог-мировниот документ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери
Вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст
Вести

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс
Вести

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад
Вести

Протест во Нови Сад

21/06/2026
Следна вест
Затворен за сообраќај регионалниот пат Велес – Градско

Алкохолизирани мажи од Пештани нападнале полицајци, поднесени пријави

Најнови вести

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

Вандализам во училишен двор во Аеродром: Градоначалникот објави снимка од надзорни камери

21/06/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ предупредува на криза, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека економијата расте

21/06/2026
Утре почнува нова учебна година, ќе трае до 17 јуни, првпат ќе има и пролетен распуст

Над 11.800 слободни места за упис во средните училишта

21/06/2026
САД има начин да ја запре иранската нуклеарна програма, истакна Џеј Ди Венс

Американската делегација во Швајцарија: Во фокус крај на војната

21/06/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Охрид и Виена поврзани со нова авиолинија која започнува од денес

21/06/2026
Протест во Нови Сад

Протест во Нови Сад

21/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.