Најмалку едно лице загина, а седум други – меѓу кои и 13-годишно дете – беа повредени во нов руски ракетен и дронски напад врз Киев изутринава, објави Би-би-си.
Експлозии одекнаа во раните утрински часови и предизвикаа сериозна штета на повеќе станбени објекти во различни делови од украинската престолнина. Според градоначалникот Виталиј Кличко, четворица повредени биле префрлени во болница, а пожар зафатил дел од висококатница во западниот дел на градот. Друг пожар избувнал во централната зона, но бил ставен под контрола.
Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, соопшти дека нападите погодиле неколку цели на периферијата на градот и дека противвоздушната одбрана дејствувала врз дронови што летале над Киев.
Регионалните власти информираа дека и во Бровари, источно од престолнината, има повредени – две жени биле ранети откако дронови и ракети погодиле станбени области.
Нападот следува само неколку дена по претходното руско бомбардирање во кое загинаа седуммина, додека жртви беа пријавени и во руската област Ростов.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин повторно ги повтори своите услови за запирање на војната, барајќи Украина да се повлече од териториите што Москва ги смета за свои. Тој потврди дека следната недела во Москва ќе престојува американска делегација, предводена од специјалниот пратеник Стив Виткоф, за разговори околу предлог-мировниот документ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












