Дефанзивецот на Реал Мадрид, Трент Александер-Арнолд, ќе биде надвор од терените околу два месеци поради повреда на квадрицепсот на левата нога, потврдија од клубот.
Ова е голем удар за тимот на Чаби Алонсо, особено затоа што повредата доаѓа во моментот кога Англичанецот почна да го покажува својот полн потенцијал. Трент се повреди во средата, за време на победата од 3-0 над Атлетик Билбао, веднаш по првата асистенција во дресот на Реал, кога го пронајде Килијан Мбапе за водечкиот гол.
Инцидентот се случи во 54. минута, кога Трент незгодно падна по десната страна, веднаш се фати за левата нога и со болна гримаса на лицето беше заменет со Раул Асенсио.
Денешните прегледи потврдија најлошите прогнози, а извори блиски до клубот стравуваат дека закрепнувањето ќе трае околу осум недели. Ова е особено фрустрирачко за Англичанецот, кој претходно пропушти повеќе од еден месец поради повреда на задната ложа во септември.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













