Ваљбон Лимани од вечерва официјално е кандидат за градоначалник на општина Гостивар на повторните локални избори. Кандидатурата ја поднесе до Општинската изборна комисија, придружуван од поддржувачи и коалициски партнери од Националната алијанса за интеграција.
Одговарајќи на новинарско прашање за исходот од повторните избори, Лимани изрази увереност во победа, но нагласи дека конечниот збор ќе го кажат граѓаните на 11 јануари.
Во однос на кампањата, Лимани истакна дека таа ќе се води преку директни средби со граѓаните во населбите, бидејќи програмата презентирана на 19 октомври веќе е добро позната.
„Освен за програмата, со нашите сограѓани на директните средби ќе разговараме и за сè она што се случуваше во овој период“, изјави Лимани по поднесувањето на кандидатурата.
Кандидатурата на Ваљбон Лимани засега е единствена. Рокот за поднесување кандидатури за повторените избори истекува утре на полноќ. Лимани на првиот круг од локалните избори во октомври не успеа да победи бидејќи му недостасуваа 23 гласа за цензус. До неодамна тој ја извршуваше функцијата вршител на должноста градоначалник на Гостивар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












