Поради неповолни временски услови, меѓу кои обилни снежни врнежи, мраз и ниски температури, денеска во Турција се откажани бројни авионски летови, а наставата е привремено суспендирана во повеќе провинции, соопштија надлежните институции.
Портпаролот на Туркиш ерлајнс, Јахја Устун, информираше дека за 31 декември се откажани вкупно 61 лет, главно кон источните и централните делови на земјата, при што нагласи дека безбедноста на патниците останува приоритет, пренесува Анадолу.
Поради лошите временски услови, наставата е привремено прекината во повеќе области низ земјата. Голем број гувернери донеле одлука за суспензија на наставата во сите јавни и приватни образовни институции, вклучително и градинките и центрите за рехабилитација, во период од еден до два дена.
Истовремено, бремените жени, лицата со попреченост и хронични заболувања вработени во јавниот сектор се испратени на административен одмор, објави „Хуриет“.
Турските власти апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни поради мразот и снежните наноси и да избегнуваат патувања доколку не се неопходни.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












