Дванаесетгодишно момче од скопската општина Аеродром е тешко повредено по експлозија на петарда, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, откако од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесено малолетно лице со тешки телесни повреди.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил околу 23 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром. Момчето се обидело да тргне петарда за да не му падне на глава, при што таа експлодирала во неговата рака. Како што е наведено, петардата била фрлена од негов соученик.
Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанал инцидентот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












