Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело телесна повреда, откако на 4 јануари ја навредувал и физички ја нападнал својата поранешна партнерка.
Според обвинителството, осомничениот, во напад на љубомора, повеќепати ја удирал жената по главата и телото, по што насилно ја исфрлил од својот автомобил и ја турнал на бетонот меѓу заштитните столбчиња на коловозот. Настанот бил пријавен од случаен минувач, а оштетената била пренесена во болница за укажување лекарска помош.
Републичко јавно обвинителство информира дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката.












