Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска преку социјалните мрежи остро ја осуди употребата на руската хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ при нападот врз украинскиот град Лавов.
Муцунски ја оцени оваа акција на Москва како непромислена ескалација која, како што наведе, не само што ја дестабилизира Украина, туку претставува и сериозна закана за регионалната и глобалната безбедност.
Во својата реакција, министерот истакна дека ваквите дејствија дополнително го поткопуваат меѓународниот правен поредок и ги оддалечуваат напорите за мирно решавање на конфликтот.
„Стоиме рамо до рамо со Украина и ги поддржуваме напорите предводени од САД и Европа за постигнување сеопфатен и траен мир – цел која ваквата ескалација директно ја поткопува“, порача Муцунски.
Реакцијата доаѓа во услови на зголемени тензии на источниот фронт, каде употребата на напредно хиперсонично оружје означува нова и опасна фаза во војната. Македонија, како членка на НАТО, останува доследна на политиката на поддршка на украинскиот суверенитет и целосна усогласеност со западните сојузници.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












