Големото дерби на италијанскиот фудбал меѓу Интер и Наполи на култниот стадион „Џузепе Меаца“ целосно ги оправда очекувањата, а во центарот на вниманието се најде македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.
Натпреварот започна лошо за Наполи, но токму Елмас беше клучниот човек кој го иницираше враќањето на својот тим во игра. По возбудливиот почеток, резултатот е израмнет на 1-1.
Домашниот тим отвори фуриозно и уште во 9. минута поведе. По брза и прецизна акција, Федерико Димарко се најде на вистинското место и со сигурен удар ја смести топката во мрежата за водство на Интер.
Сепак, радоста на „нераѕурите“ траеше помалку од 20 минути. Тренерот Антонио Конте му укажа доверба на Елмас од првата минута во напаѓачкото трио, потег што брзо се покажа како вистински.
Во 27. минута, Елмас продре по левата страна и испрати остра, ниска топка низ гужвата во шеснаесетникот. Таму одлично се снајде Скот МекТоминеј, кој без многу мака ја затресе мрежата и го израмни резултатот на 1-1.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












