Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин Деве Баир поради поседување метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите од МВР, вчера околу 13:30 часот, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.Л. (47) од Република Бугарија. При граничната контрола и деталниот преглед на патничко возило „хонда џез“ со бугарски регистарски таблички, извршен во содејство со царински службеници, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
По преземените мерки, Основниот суд во Крива Паланка му изрекол парична казна и заштитна мерка „протерување на странец од државата“ во траење од една година.
На 13 јануари 2026 година, во 02:10 часот, лицето било спроведено на граничниот премин Деве Баир и предадено на бугарските погранични полициски служби.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












