Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип, кој утрово до 6 часот беше целосно во прекин поради опожарување на тешко моторно возило, на околу четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, и таа ќе важи до 15 март 2026 година.
Воедно, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.
Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












