Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина соопшти дека по долго боледување починал претседателот на клубот, Роко Комисо, на 76-годишна возраст.
Во објава на официјалната веб-страница, клубот изрази длабока тага и благодарност за неговиот придонес, истакнувајќи ги успесите на првиот тим во Италија и на меѓународната сцена. Од Фиорентина упатија искрено сочувство до семејството, како и до сите што го познаваа и соработуваа со Комисо.
„Во овој момент на голема тага, мислите ни се со целото семејство на Фиорентина – персоналот, играчите и сите навивачи. Роко ќе остане засекогаш дел од нашиот клуб и нашата историја“, соопштија од клубот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












