Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во обраќање до граѓаните истакна дека јавните претпријатија се соочуваат со предизвици кои влијаат на нивната работа и дека е потребно да се подобри нивната ефикасност и рентабилност.
„Темите со јавните претпријатија честопати се предмет на дискусија во јавноста. Секое од нив се бори со своите предизвици, како што беа енергетската криза и зголемувањето на платите. Потребни се и инвестиции во механизација, особено со оглед на новите градежни проекти што општината ги доби од владата“, рече Коњановски.
Тој нагласи дека во Битола има претпријатија кои со децении немале корегирани цени, како што се комуналните услуги кои не се менувале од 1994 година. „Сега сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите. Не е популарна мерка, но е неопходна за претпријатијата да станат посамостојни и поефикасни“, додаде градоначалникот.
Коњановски ја замоли јавноста за разбирање и истакна дека заедно ќе продолжат да градат одржив систем на функционирање на јавните претпријатија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











