Тренто приреди големо изненадување и славеше на гостински терен против фаворизираната Виртус Болоња со 85:87, во натпревар решен во драматична завршница, иако домаќините имаа предност во последните минути.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра одличен меч и повторно беше меѓу најважните алки во составот на Тренто. За 32 минути на паркетот постигна 12 поени, додаде 6 скока и 2 асистенции, давајќи значаен придонес во големата победа.
Со освоените бодови, Тренто се искачи на 7. место на табелата и останува во сериозна трка за пласман во ТОП 8 и обезбедување место во плеј-офот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












