• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Јаневска: Новиот закон ќе донесе повисоки стандарди во науката

06/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека најуспешните студенти ќе добијат предност при вработување на државните универзитети како наставно-научен кадар. Таа на прес-конференција ги претстави предложените законски измени во областа на високото образование, квалитетот во науката и научно-истражувачката дејност, од кои дел веќе се објавени на ЕНЕР и се отворени за јавни коментари.

Според најавите, оваа можност ќе се однесува на студентите кои студираат со државна стипендија на некој од првите 100 универзитети во светот, добитниците на „Инженерски прстен“, како и студентите прогласени за најдобри на своите универзитети во Македонија.

Предложените законски измени предвидуваат и нов модел на финансирање на универзитетите, со развојна компонента и дополнителна поддршка за институциите што ќе постигнуваат подобри резултати. Целта е да се поттикне повисок квалитет во наставата и научната работа.

Министерката најави и построги критериуми за напредување во академските звања. Кандидатите за доцент, вонреден и редовен професор ќе треба да имаат објавено шест до седум научни трудови, при што дел од нив мора да бидат во списанија со импакт-фактор индексирани во Web of Science или Scopus. Таа посочи дека македонските универзитети годишно објавуваат значително помалку научни трудови отколку што е потребно за подобро рангирање на меѓународните листи.

Законот предвидува и одредени олеснувања за професорите кои веќе се во постапка за избор во звање, како и можност наставник да остане во исто звање доколку ги исполнува условите при секој реизбор. Во иднина редовните професори ќе се реизбираат на секои седум години, додека оние што веќе го имаат тоа звање нема да бидат опфатени со новите правила. Мандатот на ректорите се предлага да се продолжи на четири години, а ќе се менува и моделот на нивен избор.

Во однос на областите од општествените науки, министерката рече дека се предвидени прилагодени услови. Одредени дисциплини, како филологија, национална историја, фолклор, археологија и етнологија, ќе можат да објавуваат трудови во списанија индексирани во Scopus, што треба да го олесни периодот на приспособување кон новите стандарди.

Јаневска најави и можност за намалување на бројот на високообразовни институции, како и воведување модуларен систем на студии. Според тој модел, првите години од студирањето ќе бидат заеднички за сите студенти на одредена насока, а подоцна ќе следува специјализација во рамки на студиската програма.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?
Вести

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока
Вести

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
Следна вест
Завршува дел од случајот „Империја“: Обвинението против Панделески повлечено

Завршува дел од случајот „Империја“: Обвинението против Панделески повлечено

Најнови вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.