• Импресум
Monday, June 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Намалувањето на платите предизвика реакција кај јавните обвинители

25/02/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Здружение на јавни обвинители на Република Северна Македонија упати реакција до Собрание на Република Северна Македонија во врска со предлог-измените на Законот за платите на јавните обвинители.

Од Здружението реагираат на намерата на власта платите на јавните обвинители да бидат намалени како дел од пакет-мерките што се однесуваат на намалување на платите на сите функционери.

Во реакцијата се посочува дека ваквите измени можат да влијаат врз независноста и самостојноста на јавнообвинителската функција, како и врз стабилноста на правосудниот систем. Од таму апелираат пратениците внимателно да ги разгледаат предложените законски измени.

Реакцијата на обвинителите ја пренесуваме во целост во продолжение:

Почитувани пратеници,

На дневниот ред на 89-тата седница на Собранието на РСМ, закажана за денеска 25.02.2026 година, се предлага закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители предложен од група пратеници.
Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, донесена на 24.02.2026 година, упатуваме итна јавна реакција со која бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана.
За тоа постојат повеќе објективни причини:

Јавните обвинители се свесни за сложената економска ситуација во која се наоѓа државата и за потребата од ефикасни мерки за штедење. Меѓутоа, мора да нагласиме дека согласно член 2 од Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавниот обвинител не може да биде намaлена со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност.

Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостаток на средства во Буџетот.

Исто така, функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат:

Имаме обврска да ве информираме дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенираше со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите. Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање не е се уште донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите.

Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек
Вести

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград
Вести

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?
Вести

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока
Вести

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени
Вести

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
Следна вест
Министерот најави нови активности за развој на воздушниот сообраќај

Министерот најави нови активности за развој на воздушниот сообраќај

Најнови вести

Две деца се удавија на плажа во Албанија, истрагата е во тек

Повеќе смртни случаи во грчките води во последното деноноќие

22/06/2026
САД ги предупредуваат свои граѓани за големи демонстрации во Белград

Вашингтон и Техеран договорија патоказ за преговори во наредните 60 дена

22/06/2026
Судот во Хаг санкционира член на ОВК од Косово, отвора ли тоа прашања и за четирите „Хашки случаи“ од Македонија?

Врвни судски претставници од Европа се собираат во Скопје

22/06/2026
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35% сметаат дека државата се движи во погрешна насока

Владата најавува поефикасен тим, опозицијата тврди дека ќе има само козметички промени

22/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Планиран прекин на електричната енергија во Карпош од 09 до 14 часот

22/06/2026
Од утре температурата ќе се намали за околу 10 степени

Попладне невреме во делови од Македонија, температурите ќе достигнат до 36 степени

22/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.