Хуго Пауел стана првото бебе во Велика Британија родено од матка пресадена од починат донор, што претставува значаен медицински успех. Неговата мајка, Грејс Бел, добила трансплантација на матка во 2024 година, а бебето се родило во декември со царски рез во болницата „Квин Шарлотс енд Челзи“ во Лондон, со тежина од 3,1 килограм.
Грејс е родена со реткиот МРКХ синдром, состојба при која матката не се развива. Таа раѓањето го опишува како вистинско чудо, нагласувајќи дека никогаш не верувала дека ќе може да стане мајка.
Програмата за трансплантација на матка во Велика Британија е финансирана од добротворната организација „Вум Трансплант Ју-Кеј“, а една ваква операција чини околу 30.000 фунти. Зафатите ги изведуваат лекари доброволно, во своето слободно време, додека државниот здравствен систем ја презема грижата за пациентките откако ќе забременат. Досега во земјата се извршени пет трансплантации, од кои се родени две бебиња – едно од жив, а едно од починат донор.
Во знак на благодарност, бебето добило две средни имиња – Ричард, по професорот Ричард Смит, и Норман, по неговиот прадедо. Професорот Смит, кој присуствувал на породувањето, изјавил дека бил длабоко трогнат од настанот, додека родителите ја опишуваат случката како божјо чудо.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












